Тимот на Наиса Ниш, каде што настапуваат двете македонски репрезентативки Симона Стојановска и Ивана Гакидова, забележа нова победа во српскиот шампионат.
Во натпреварот од 6. коло, Наиса на домашен терен беше подобра од составот на Војводина и славеше со убедливи 14 разлика, 48-34.
Стојановска беше втор стрелец на овој натпревар и успеа да постигне седум погодоци, додека Гакидова даде два гола.
Наиса нема загубено бод во шест кола досега и има максимален учинок, па се чини дека ќе биде главен фаворит за титулата во Србија оваа сезона.