Ракометарите на Астраион забележаа нов триумф во плеј-аутот од Првата лига откако славеа победа од 25:32 на гостувањето кај екипата на Шампион во 5. коло. Овој триумф го зацврсти тимот од Струмица на водечката позиција.
Шампион беше немоќен на овој натпревар и уште од самиот старт имаше негатива. После почетните 1:4, Астраион поведе и со 3:9 и најави сигурна победа и на ова гостување. После 30 минути резултатот беше 13:17.
Во продолжението Астраион без никакви проблеми го контролираше натпреварот и рутински го водеше кон триумф. Гостите имаа највисока предност од осум гола, а на крај Шампион само го ублажи поразот.
Предводници на Астраион до победата беа Васко и Марко Стојанови со девет односно седум гола, а Цонев постигна шест погодоци. Во тимот на Шампион уште еднаш најефикасен беше Христијан Сибиновски со девет гола.