Македонија доби уште еден тренер кој поседува мастер лиценца откако поранешниот репрезентативец и актуелен стратег на Охрид, Раде Стојановиќ заврши со бранењето на завршната тема и се здоби со лиценца за извршување на тренерската работа на највисоко ниво.
Тој успешно ги помина трите модули во Романија, па му имаше остано само завршниот дел кој беше завршен без проблеми така што Стојановиќ се најде на списокот на тренери со мастер лиценца.
Стојановиќ беше еден од репрезентативците на Македонија кои оставија трага во националниот тим, а рано се одлучи за тренерската работа. Почна како тренер во Металург каде што работеше прво во младинските категории, а потоа беше и прв тренер на Металург 2.
Со овој тим Стојановиќ минатата година успеа да се избори за влез во Супер лигата, па од почетокот на оваа сезона е на клупата на екипата на Охрид. Веќе го има обезбедено и местото во плеј-офот.
Покрај тоа е дел од тренерскиот тим во пионерската селекција на Македонија која е во создавање.