Металург и Охрид одиграа интересен натпревар кој заврши без победник 29:29. Во финишот и двете екипи има можност за победа но на крајот ги поделија бодовите. После натрепварот тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ имаше интересен коментар за можността за победа и за својот тим.
„Овој бод за мене и за Охрид значат многу, Металург е екипа со име до лани играа Лига на шампиони и имаат голем ростер на играчи. Ова за нас е голем бод, голема победа. Видов кај играчите дека се под притисок дека нема време, избрзаа во неколку контри. Затоа им кажав да играат само смирено, две минути се многу во ракометот. Го сфатија како што треба и го освоивме овој бод. Падот во нашата игра се должи на неискуство. Самата екипа, играчите и управата треба повеќе да веруваат дека овој состав што го имаме е за поголеми работи отколку само за плеј-офот во лигата“, изјави Стојановиќ за 24Ракомет.
Со овој нерешен исход двете екипи останувааат на првите две места на тебелата со еден бод разлика. Во следното коло екипата на Раде Стојановиќ го пречекува вториот тим на Металург.