Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска се собра во рамките на ЕХФ неделата пред пријателскиот двомеч со селекцијата на Романија.
Селекторот Раде Стојановиќ и неговиот стручен штаб со Бранко Ангеловски и Наум Танески ја имаа првата прозивка.
Стојановиќ за оваа акција повика 22 ракометари, од кои најголем дел беа на ЕХФ шампионатот во Рига минатата година каде го освоија златниот медал.
Двата меча против Романија ќе се одиграат во салата во Автокоманда, в сабота од 18:00 часот и недела од 12:00 часот.
Овие натпревари се дел од подготовките за настапот на Светското првенство во Хрватска, каде што Македонија ќе игра против Норвешка и Црна Гора.