Дуото ДНК или Андреј и Панчо, во деновите во карантин создадоа ново дело, а насловот е „Јави ми“. Панчо е автор на текстот, Лазар Цветкоски го направи аранжманот, а музиката им е заедничка.
Спотот е интересно спакувана анимирана приказна, а идејата е всушност да се долови зближеноста и дружењето на познатите личности во едно комично и прилично несекојдневно издание.
Покрај ликовите на Панчо и Андреј ги има и ликовите на Кире Лазаров, Дејан Манасков, Столе Стоилов, Елиф Елмас, Горан Пандев, а се појавуваат и Боки 13, Слаткар, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Симон Трпчески, Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Перо Антиќ, Каролина Гочева, Есма, Тоше Проески, Ѓорѓи Колозов, Лозано, Врчак…