Ракометарите на европскиот првак Вардар вечерва го играат првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите против Мешков Брест.
Вардарци комплетни со капитенот Стоилов отпатуваа за Брест и ќе дадат се од себе да се вратат со позитивен резултат од незгодното гостување.
Стоилов вели дека главната мотивација ќе биде да покажат дека Вардар припаѓа во најдобрите европски тимови.
„Клубот е во транизиција, има нов сопственик, нови играчи и нов тренер. Групата е многу тешка и многу луѓе велат дека Вардар ќе има тешка сезона. Тоа ќе ни биде главна мотивација – да покажеме уште еднаш дека Вардар припаѓа меѓу најдобрите тимови во Лигата на шампионите. Ќе биде тешко, ама ќе дадеме се од себе да ги направиме среќни нашите навивачи и нашата управа“, изјави Стоилов.
Натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар се игра вечерва од 18:45 часот во салата „Викторија“.