Ракометарите на Вардар по две години пауза кренаа трофеј во некое натпреварување на македонско тло.
Избраниците на Стевче Алушовски славеа над Еурофарм Пелистер со 26-24 во финалето на Купот на Македонија и го освоија 14. пехар, со што останаа далеку на првото место на вечната листа пред Металург кој има шест.
Капитенот Столе Стоилов направи џентлменски потег и му дозволи на Иван Чупиќ, кој заминува на лето, да го крене пехарот.
Таков потег Стоилов направи и во Келн, во 2019 година, кога Вардар стана европски шампион, а тогаш пехарот го крена Игор Карачиќ, кој тоа лето замина во Келце.