По настапот на Струшкиот турнир, ракометарите на Вардар ги очекува првиот официјален натпревар во новата сезона.
Ривал ќе биде хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице во четвртфиналето од регионалната СЕХА лига.
Капитенот Стојанче Стоилов вели дека со помош на публиката, Вардар може да се пласира на Ф4.
„Се игра само еден натпревар и тој е дома. Нексе е противник кој добро го познаваме, долго време играме со нив. Нексе е тим за респект, тоа е тврда екипа која лани не ја победивме. Сепак, во еден натпревар сметам дека имаме сили да славиме. Иако имавме лимитирано време за подготовка, се надевам на полна сала и со поддршка навивачите ќе се обидеме да победиме и да се пласираме на Ф4“, изјави Стоилов.
Натпреварот меѓу Вардар и Нексе ќе се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.