Стоилов не играше денеска, но беше поддршка за репрезентативците (ФОТО)

Првиот избор за пивотменската позиција, Стојанче Стоилов денеска не настапи на дуелот против Чиле на кој Македонија победи со 28:24.

Тој, како и Никола Маркоски беше дополнително повикан за овој дуел и работеше со колегите, но не играше на оваа средба.

Затоа, пак, Стоилов беше на трибините каде што се виде и со својот поранешен соиграч во репрезентацијата, Ацо Јоноски, кој исто така беше на овој дуел.

Стоилов го очекува тежок период со тимот на Вардар каде што е капитен, а „црвено-црните“ ќе треба во кратко време да одиграат многу натпревари.

Инаку, на овој собир тој беше изоставен на почеток бидејќи шанса се даваше на оние кои имаат помала минутажа и кои треба да се наметнат за во иднина. Тој сигурно ќе биде дел од тимот за дуелите со Данска во март.