Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов после тешката средба против тимот на Келце во Лигата на шампионите, очекува дека и на следниот дуел од СЕХА лигата нема да биде воопшто лесно. Тој очекува против Мотор дел од играчите да добијат поштеда, но сосема извесно е дека Вардар ќе влезе со сите сили да дојде до победа.
„Мотор е квалитетна екипа. Мислам дека ќе биде максимално тешко на средбата в среда. Играчите се изморени после многу тешки натпревари одиграни во досегашниот дел од сезоната. Покрај тоа и во саботата имавме тежок натпревар против екипата на Келце. Многу играчи го носат товар цела сезона и мислам дека сега може да се калкулира и тие да се одморат. Одиме на победа играме дома и тоа е секако наша шанса за да дојдеме до победа“, изјави капитенот Стоилов.
Веројатно и тој ќе биде еден од играчите кои ќе одмораат на дуелот против Мотор така што останува в среда од 20:15 часот да се види кој ќе биде составот и кои играчи колку голема минутажа ќе добијат.