Ракометарите на Вардар ја забележаа првата победа во регионалната СЕХА лига, откако по поразот од Нексе славеа против Војводина со десет гола разлика, 16-26.
Капитенот Стојанче Стоилов вели дека не било баш лесно како што покажува резултатот и дека вториот дел бил клучен.
„Резултатот мислам дека не е мерило. Изгледа дека многу лесно победивме тука, но не е така. Прво полувреме Војводина ни правеше многу проблеми, но во вториот дел ние одиграме многу подобро во одбрана и поорганизирано во нападот, и тоа беше клучот да го добиеме натпреварот“, вели Стоилов.
Следен предизвик за Вардар ќе биде гостувањето кај Прилеп во рамките на 19 коло од Суперлигата, додека викендов ги очекува и двобојот против Еурофарм Пелистер 2, како последна проверка пред средбата со Монпелје од Лигата на шампионите.