Екипата на Вардар се подготвува за дуелот против Мотор кој треба да се одигра в сабота во салата во СЦ „Јане Сандански“, а тоа ќе биде дуел на кој едностафвно мора да се даде најдоброто на терен.
„Се наоѓаме во тешка ситуација. Си замина клучен ракометар. Треба да бидеме реални. Вардар со и без Кристопанс не е ист тим. Наше е да се бориме и да победиме в сабота против Мотор. Сепак, ќе видиме какви се силите и каква е главата. Сите знаат каква е ситуација во клубот, но ќе видиме на терен што ќе се случува“, коментираше Стоилов за натпреварот против Мотор в сабота.
Средбата почнува од 17:30 часот, а победа за Вардар може да значи и пласман во осминафиналето.