Стине Офтедал верна на Ѓер

Членот на репрезентацијата на Норвешка и една од најдобрите ракометарки на светот, Стине Офтедал реши да остане во унгарскиот вицешампион, Ѓер.

Норвежанката во Ѓер пристигна во текот на  2017 година и веднаш стана главна карика во унгарскиот тим. Офтедал и Ѓер ја продолжија својата соработка на уште една сезона, односно нејзиното продолжување на договорот ќе стапи во сила од следното лето.

Својата минутажа во Ѓер ја дели со репрезентативката на Франција, Естел Нзе Минко. Трета опција во нападот на Ѓер на централната позиција е младата ракометарка, Јулија Фаркаш.

Со екипата на Ѓер, Офтедал ја освои Лигата на шампионите во 2018 и 2019 година. Има освоено и голем број на медали со репрезентацијата на Норвешка, најмногу од Европските првенства, четири златни медали и еден сребрен.