Десниот бек Стефан Трпчевски не е повеќе член на израелскиот Хапоел Кирјат Оно. Македонецот мина само шест месеци на интернационална сцена, а договорот беше раскинат спогодбено.
„Во клубот уште од доаѓањето владееше некоја напната ситуација, неорганизираност , тотален непрофесионализам, слаби неколку тренензи неделно, без никва подготовка за напреварите. Тренерот и двајца израелски играчи добија откази и многу други работи. На претпоследниот натпревар добив мала повреда на рамото и по лекарски преглед ми беше само усно кажано имаш повреда на рамото, но без снимки, лекарски писмен извештај, писмена констатација за повредата и слично. Во моментот имам неколку понуди, клубови со кои сум во преговари, но овојпат ќе бидам многу претпазлив во изборот на идниот клуб“, вели Трпчевски за 24Ракомет.
Тој потекнува од школата на Пелистер, неколку сезони беше член на Вардар Јуниор, а тренираше одреден период и со првиот тим на Вардар. Пред да се пресели во Израел, битолчанецот играше за Струга и за Охрид.