Тимот на БК-46, каде што игра македонскиот интернационалец Стефан Трпчевски e на чекор до пласман во финалето на финскиот плеј-оф.
Шампионот БК-46 води со 2-0 во полуфиналната серија против Дикен која се игра до три победи, а третиот меч се игра на 7 април.
Трпчевски на првиот меч кој заврши 27-24 даде два гола, а исто толку даде и на вториот дуел кој го доби БК-46 на гости со 26-27.
Во другата полуфинална серија, Рихимаки Кокс водат исто така со 2-0 против ГРИФК, па многу веројатно е дека за титулата ќе се борат Кокс и БК-46.