Македонскиот десен бек Стефан Трпчевски, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
По една сезона мината во шпанскиот тим Бургос, Трпчевски нема да ја продолжи соработка и ќе игра во друга средина.
Трпчевски играше за Вардар Јуниор, потоа за Вардар, има искуство и во регионалната СЕХА лига во „црвено-црниот“ дрес.
Настапуваше за Струга, Охрид и Тиквеш во Македонија, а на интернационална сцена ги носеше дресовите на израелскиот Хапоел Кирјат Оно и финскиот БК-46.