Стефан Петриќ за 24Ракомет ТВ: Со Вардар сакам титула – лани за малку ми избега во Србија (ВИДЕО)

Ако Стефан Петриќ со десна рака го работи истото тоа што го правеше неговиот татко Владимир со левата рака, тогаш Вардар ќе биде среќен бидејќи ќе има вистински бомбардер. Вниманието на управата на „црвено-црните“ го сврте по двомечот во четврт-финалето во СЕХА лигата меѓу Вардар и Партизан. Важи за голема надеж на српскиот ракомет. Во новата сезона сака да освои титула во Македонија, бидејќи лани з амалку таа му избега во Србија. Многумина му кажале дека Вардар евистинското место за него, и тука ќе биде две сезони. Конкуренцијата во тимот на неговата позиција ќе биде голема, а новиот ростер на Вардар има квалитет и да се бори со Рајн Некар во квалификациите за Лига на Европа. Како дојде Стефан Петриќ во Вардар, има ли притисок бидејќи е син на познат ракометар. Знае португалски и шпански, послабо англиски ама почнува да учи и јапонски од неговиот соиграч Јасухира...