Левиот бек на Голден Арт, Стефан Колоски, најверојатно ќе си замине од новиот суперлигаш по само една сезона.
Колоски минатото лето дојде во Голден Арт од кавадаречки Тиквеш, каде играше две сезони, а пред стартот на новата сезона многу веројатно ќе има нова средина.
Стружанецот, покрај за матичниот клуб, играше и за Работнички, Јуниор Кисела Вода и Радовиш, пред да се пресели во Кавадарци.
Од Голден Арт заминаа и Виктор Василевски и Никола Димитров, а договорот го продолжи Ивица Илиев.
Нови имиња во клубот пред стартот на новата сезона се Мице Шилегов, Дејан Гошевски, Петар Виларов и Марко Трајковски.
Голден Арт се најде во групата Б заедно со Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Скопје.