И средниот бек на кавадаречки Тиквеш, Стефан Дрогришки, се најде на листата на ракометари кои му ставија крај на ергенскиот живот.
Откако лани во ноември ја побара за сопруга Марта Јовановска, денеска тие двајца ја направија свадбената веселба.
Во Битола меѓу многубројните гости, беа дел од соиграчите од кавадаречкиот клуб, како и многу други ракометари.
Покрај Дрогришки, свадби минатите неколку недели направија голем број македонски ракометари меѓу кои Филип Кузмановски, Мартин Манасков, Жарко Пешевски, Филип Василевски, Крсте Андоновски…