Денеска заврши Европското младинско првенство за ракометари до 20 години, кое се одржуваше во Португалија. Нов младински шампион на Европа е репрезентацијата на Шпанија, која во финалето го совлада домаќинот со 37:35. По завршувањето на финалниот натпревар беше избран и идеалниот тим на младинскиот континентален собир.
Ракометарот, кој како играч се афирмираше во Металург и кој може да остане во редовите на Вардар и во следната сезона, Стефан Додиќ беше прогласен за најкорисен играч на Европското младинско првенство.
Додиќ беше еден од предводниците во репрезентацијата на Србија и заедно со своите репрезентативни колеги го освоија бронзениот медал. Надежниот ракометар на Србија постигна 27 погодоци на шест одиграни натпревари.
Соиграчот на Додиќ, Марко Тасиќ, исто така доби место во идеалниот тим како најдобар дефанзивец.