Репрезентациите на Шпанија и Хрватска во одлучувачкиот натпревар за првото местово групата одиграа нерешено 22:22, што беше доволно Шпанија како прва во групата да се пласира во полуфиналето. Иако имаа и предност од шест гола сепак на крајот беа на чекор до пораз.
Лука Степанчиќ имаше свое видување за натпреварот и за противникот на следниот дуел во полуфиналето.
„Имавме доста среќа што успеавме воопшто да се вратиме од минус шест против една ваква екипа, која дозволи да имаме напад за победа. На крајот немавме доволно среќа, честитки за Шпанците што како први ја поминуваат групата и одат во полуфинале. Нештото кое не радува е што имаме сила за вакво враќање како против Германија и против Шпанија. Мораме да ја анализираме нашата игра во напад, имавме доста проблеми со одбраната 5:1 и се надевам дека повторно ќе се сретнеме со Шанија за викенд. Мислам дека проблем на ваквите натпреварувања е тоа што одлучувачките натпревари не се играат во исто време, но нека бираат Норвешка и Словенија. Реков и претходно сеедно ни е со кој ќе играме во полуфиналето, доколку сакате да бидете на тронот и европски првак мора да победите секого“, изјави Степанчиќ.
Норвешка и Словенија во меѓусебен дуел ќе одлучат кој ќе биде противникот на Шпанија, а кој на Хрватска во полуфиналето. Полуфиналните дуели на програмата се во петок.