29-годишниот холандски ракометар Иво Стеинс, братот на Лук Стеинс се повлекува од репрезентацијата.
Холандија беше вистински хит со своите настапи на Европското првенство, а сега Стеинс објави дека се повлекува.
Последниот натпревар за репрезентацијата Стеинс го одигра на 26-ти јануари против Хрватска (28:28). На EП 2022 Иво Сетинс на седум натпревари постигна два гола, за разлика од неговиот брат кој е еден од најважните ракометари на оваа селекција.
За Холанѓаните настапот на последното Европско првенство беше најдобар во нивната историја, завршија на 10-тата позиција.
Вкупно во репрезентацијата зад себе Стеинс има 83 натпревари и 95 голови.