Стевче Алушовски уште три години на Исланд!

Македонскиот стратег Стевче Алушовски и во следните три сезони ќе биде тренер на исландскиот Тор Акурејри.

Раководството на Тор Акурејри е задоволно од работата на Алушовски кој го крена тимот на едно повисоко ниво во споредба со претходно и му понуди продолжување на соработката.

Тор Акурејри имаше шанса преку плеј-офот да се избори за учество во елитната лига на Исланд, но беше несреќно елиминиран. Сепак амбициите на раководството на Тор реши со зголемени амбиции да се бори следната сезона.

За таа цел Алушовски останува на клупата, а исландскиот тим планира да ангажира засилувања. Во Тор една сезона мина и македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски, кој остави одличен впечаток и не е исклучено некој нов играч од Македонија да го засили Тор.

Искуството во Тор е прво меѓународно за Алушовски, кој претходно беше на клупите на Вардар, Пелистер и Еурофарм Работник.