Денес со натпреварот меѓу Чеховски Медведи и СКА Минск во рамки од дивизија „Исток“ ќе стартува новата сезона во СЕХА лигата.
Како што е веќе познато, во оваа дивизија ќе играат по четири клуба од Русија и Белорусија.
Од Русија претставници се екипите на Чеховски Медведи, Пермски Медведи, ЦСКА Москва и Нева, додека од Белорусија учесници се екипите на СКА Минск, Гомел, Мешков Брест и Машека.
Во дивизија „Запад“ ќе играат Загреб и Нексе од Хрватска, потоа Војводина и Партизан од Србија, унгарскиот гигант и бранител на титулата Веспрем, Вардар и Еурофарм Пелистер од Македонија, како и шампионот на Словачка, Татран Прешов.
СЕХА лига, 2022/23, дивизија „Исток“:
група А: Чеховски Медведи, СКА Минск, Гомел, Пермски Медведи
група Б: Мешков Брест, ЦСКА Москва, Нева, Машека
Распоред на натпревари:
1 коло
30/9, Чеховски медведи – СКА Минск, 18:45
1/10, Гомел – Пермски медведи, 12:00
2/10, Мешков Брест – Машека, 17:00
3/10, Нева – ЦСКА Москва, 16:00