Стартувааат четвртфиналните битки за Ф4 во ЛЕ – Нексе пред тежок предизвик

Во второто по квалитет европско натпреварување – Лига на Европа денес ќе стартуваат четвртфиналните битки за Ф4 турнирот.

Пласман меѓу најдобрите осум екипи обезбедија Кадетен Шафхаузен, Нексе, Монпелје, Гепинген, Спортинг Лисабон, Фуксе Берлин, Грањолерс и Фленсбург.

Хрватскиот вицепрвак Нексе, кој во ланската сезона стигна до завршниот турнир во Лига на Европа, но не освои медал, повторно има шанса за повторување на успехот.

Клубот од Нашице како пречка кон Ф4 ја има екипата на Гепинген. Бундеслигашот во осминафиналето без многу проблеми го елиминираше исландски Валур.

Нексе во четвртфиналето стигна откако успеа да го елиминира Мотор со победата од 27:23 на првиот меч. Украинскиот шампион на реваншот триумфираше со само два гола разлика, 27:25.

Екипите на Фуксе Берлин и Фленсбург имаат ривали по мерка, додека Монпелје во четвртфиналето за противник го има незгодниот Грањолерс.

Лига на Европа, четвртфинале, распоред

Кадетен – Фуксе Берлин 18:45ч

Грањолерс – Гепинген 18:45ч

Спортинг – Монпелје 20:45ч

Гепинген – Нексе 20:45ч

Реванш средбите од четвртфиналето се закажани за 18 април.