Екипата на Кастриоти, која е предводена од македонскиот тренер, Аце Станковски, а во која настапуваат и двајцата ракометари од Македонија, Адис Салиу и Мартин Божиновски, обезбеди пласман на завршницата од Купот на Косово откако во четвртфиналето против Велазними оствари победа, со резултат 34:28.
Во натпреварот, кој беше одигран во Феризај, двете екипи имаа свои моменти. Составот на Велазними на полувреме имаше два гола негатива, 16:14, додека избраниците на Станковски со подобрата игра во второто полувреме успеаја да го скршат отпорот на противникот и да дојдат до посакуваната победа.
Освен Кастриоти, за титулата во Купот на Косово ќе се борат и екипите на Дечани, Беса Фамгас и Приштина.
Голем фаворит за освојување на Куп титулата е Беса Фамгас, екипа која не знае за пораз во оваа сезона.