Станислав Кашпарек: Вардарци имаа неверојатен тимски дух, се бореа за секоја топка (ВИДЕО)

Десниот бек од Чешка, Станислав Кашпарек годинава ги брани боите на тимот на Мешков Брест, а тој е еден од оние играчи кои кога играат против репрезентацијата на Македонија и тимовите од Македонија игра на високо ниво. Сепак, овој пат си замина од Скопје со пораз, а вината за поразот ја виде во лошата одбрана бидејќи тој и колегите примија 35 гола. Покрај тоа имаше пофалби за навивачите и атмосферата, но и тимскиот дух на вардарци и борбеноста. Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото.