Откако во сезоната 2009/10 беше воведен завршниот турнир во Лигата на шампионите, ниту еден првак не ја одбрани титула, барем не до вечерва.
Во 12. обид, тимот на Барса, кој и лани беше шампион, успеа да ја одбрани титулата во елитното натпреварување.
Каталонскиот гигант по удари од седум метри го совлада полскиот првак Келце со 37-35, иако можеше уште во регуларниот дел да слави, но прими гол во последните моменти.
За разлика од финалето минатата сезона, кога Барса со 13 разлика го разби Алборг, оваа сезона гледавме возбудлив и интересен натпревар до крај.