Тројца ракометари што минатата сезона и претходните беа дел од македонската Суперлига, од летово имаат ангажман во Азербејџан.
Таму се роди нов проект, во кој освен локалните и балканските ракометари ќе играат и играчи од африканскиот континент.
Некогашниот десен бек на Јуниор Кисела Вода – Никола Митровиќ, екс бекот на Вардар Јуниор и Радовиш – Божидар Симиќ, како и поранешниот голман на Охрид – Александар Миленковиќ се пресели во тимот на Кур.
Митровиќ во Македонија ја мина есенската полусезона од минатата сезона во Јуниор Кисела Вода, па си замина пролетта, додека Миленковиќ беше дел од Охрид во вториот дел од сезоната.
Симиќ има долго искуство во македонската елитна конкуренција, откако играше три сезони, пред да замине во словенечката Рибница, а лани играше за Металопластика Шабац.
Тимот на Кур се пријави и за настап во Европскиот Куп, таму ќе се сретне со хрватскиот тим Сесвете.