Екипата на Куманово, која во изминатата сезона ја освои 5. позиција во Првата лига и обезбеди пласман во македонската елита, за новата сезона го ангажираше првото засилување во своите редови.
Станува збор за ракометарот од Србија, левиот бек Вучко Мрвовиќ, кој во својата кариера има интернационално искуство од настапите за грчкиот суперлигаш Филипос Верија.
21-годишниот ракометар го носеше дресот и на Рудар Костолац, Раднички Крагујевац, Спартак Војпут и Суботица. На репрезентативно ниво настапуваше за кадетската и младинска репрезентација на Србија.
Куманово во Суперлигата ќе игра во групата А заедно со екипите на Струга, Вардар, Охрид, Бутел Скопје, Прилеп, Алкалоид и Вардар Неготино.