Новото раководство на тимот на Охрид работи активно на формирање на ростерот за следната натпреварувачка сезона. Охриѓани сезонава не изборија место во европските купови, па летово ги очекува ремонт во играчкиот кадар и на клупата.
Како можни засилувања се споменуваат двајца интернационалци. Според информациите на 24Ракомет, станува збор за српскиот пивот Владимир Бојаниќ и црногорското десно крило Балша Чејовиќ.
Бојаниќ (204/120) има 28 години и оваа сезона го носи дресот на турскиот шампион Бешикташ, освои двојна круна во Турција. Претходно беше дел од словенечките Тримо Требње и Горење Велење, како и на спрските Војводина, Металопластика и Партизан.
Чејовиќ (177/78) има 23 години и во првиот дел од оваа сезона беше член на грчкиот Диомидис Аргус, а ја заврши во неговиот матичен клуб Морнар Бар. Има искуство и во Асобал лига во дресот на Бенидорм, а во Грција беше дел и од ПАОК Солун.
Охрид од следната недела би требало да ги промовира новите ракометари и стручниот штаб, како и да открие кои ракометари нема повеќе да го носат сино-белиот дрес.