Српски Бекамент триумфираше на „Ѓорче Куп 2022“

Српскиот тим Бекамент е победник на второто издание на женскиот ракометен турнир „Ѓорче 2022“ откако во финалето го победија домашниот тим на Ѓорче Петров со 31-23 (16-14). Предноста на гостите на крајот дури делуваше и убедливо, но истата беше остварена во последните минути.

Македонскиот шампион ја згуби трката за одбрана на трофејот во вториот дел кога гостите направија предност од неколку голови, и особено во последните минути од средбата со што само ја потврдија победата.

Најдобар стрелец кај победникот беше Љубица Ивковиќ со десет гола, додека кај Ѓорче Петров се истакнаа Ангела Јанкуловска со шест и Катерина Дамјановска со четири гола, а одлична партија на голот и покрај поразот имаше и Слободанка Кицеска.

Ова е второ издание на турнирот кој почна лани да се одржува. Планирано беше да се игра на отвореното игралиште во Ѓорче Петров, но поради непредвидливата временска прогноза натпреварите беа преслени во салата „Христо Батанџиев“ каде се одиграа сите натпревари.

Вардар го освои третото место по триумфот над Борац Бања Лука, а Бор од Србија беше петтопласиран откако го победи Овче Поле.

„Ѓорче Куп 2022“

Финале: Ѓорче Петров – Бекамент 23-31
Меч за 5 место: Овче Поле СУ – Бор 28-33
Меч за 3 место: Вардар – Борац Бања Лука 26-25

26 август
Ѓорче Петров – Вардар 32-27
Бекамент – Борац 37-28

27 август
Овче Поле СУ – Борац 28-38
Бор – Вардар 27-32
Овче Поле СУ – Бекамент 23-41
Ѓорче Петров – Бор 35-30