Селекторот на машката сениорска репрезентација на Србија, Тони Херона, кој е актуелен тренер на Шарт, од францускиот клуб ќе си замине по завршувањето на оваа сезона, пишува ,,lechorepublicain.fr”.
Челниците на клубот не се задоволни од постигнатите резултати на Шарт во досегашниот тек од сезоната во францускиот шампионат. Избраниците на Херона на 11 одиграни натпревари во тамошниот шампионат забележаа осум порази, три победи и едно реми.
Поради лошите резултати и евентуалната преселба на Шарт во понизок ранг на натпреварување, доколку не успее да се подобри во следниот период, клубот одлучи да не ја продолжи соработката со шпанскиот стратег.
Двете страни имаа договор со важност до јуни, 2023, па така некогашниот учесник на струшкиот турнир во следната натпреварувачка сезона ќе добие нов предводник. Херона го презеде кормилото на Шарт во текот на 2019 година.
Годинешниот буџет на Шарт изнесува скоро четири милиони евра, а најголемиот дел од играчите во тимот се интернационалци, меѓу нив се наоѓа и екс ракометарот на Вардар, Илија Абутовиќ, како и поранешниот член на Работнички и Металург, Вања Илиќ.