Еден од најдобрите ракометари, левиот бек Петар Ненадиќ, се наоѓа пред трансфер во романскиот шампион Динамо Букурешт, објави „Handball Basse“. Освен Ненадиќ, клубот од романската престолнина би бил посилен со уште тројца српски ракометари.
Станува збор за талентираниот и перспективен ракометар, десниот бек Александар Цениќ, кој моментално настапува за вториот тим на Барселона, потоа голманот на Веспрем, Владимир Цупара и неговиот репрезентативен колега, десното крило Богдан Радивојевиќ.
Доколку се реализираат сите четири трансфери, тогаш ќе се зголеми српската колонија во тимот на Чави Пасквал, со оглед на тоа дека во Динамо Букурешт настапува средниот бек Лазар Кукиќ.
Клубот од романската престолнина пред неколку дена го потврди трансферот на унгарскиот репрезентативец Миклош Роста.
Динамо Букурешт во оваа сезона ја одбрани шампионската титула во националниот шампионат, но во Купот на Романија беше елиминиран во четвртфиналето, додека во Лигата на шампионите стигна до осминафинале.