Хрватскиот шампион Загреб денес го објави трансферот на Куни Моралес во своите редови.
Кубанецот, кој моментално е член на Вардар, во тимот на Славко Голужа ќе остане најмалку две сезони.
Искусниот ракометар истакна дека е среќен од реализираниот трансфер бидејќи повторно ќе игра со Дибиров.
,,Доаѓам во клуб кој долги години е присутен на европска сцена, односно во Лигата на шампионите. Моја лична цел е секако да го давам максимумот на секој тренинг и на секој натпревар и на тој начин да му помогнам на клубот да ги постигне зацртаните цели. Среќен сум и што повторно ќе ја делам соблекувалната со поранешниот соиграч Тимур Дибиров, кој е одличен пример за врвен професионалец и личност која секогаш е подготвена да помогне“, изјави Моралес.
Во актуелниот шампион на Хрватска играат уште двајца екс ракометари на Вардар – Иван Чупиќ и Стефан Додиќ.
Загреб за следната сезона се засили и со репрезентативецот на Словенија и актуелен член на Целје, Матич Сухолежник и со голманот од Куенка, Анте Грбавац.