Ракометарот на Вардар од Русија, Сергеј Горбок, кој беше дел и од ланскиот шампионски состав на „црвено-црните“ денеска е меѓу славениците на родендени. Тој денеска полни 37 години.
Роденден денеска има и младиот ракометар на Мотор Запорожје, Украинецот Игор Турченко. Тој полни 19 години.
Словенецот Ник Хенингман кој игра за тимот на Пик Сегед исто така е меѓу славениците. Тој денеска ќе го прослави 24. роденден.
Списокот на славеници продолжува со ракометарката од Словенија, Нина Зулиќ. Таа игра за тимот на Крим Меркатор, а денеска ќе наполни 24 години.
Среќен роденден Сергеј, Игор, Ник и Нина!