Поранешната репрезентативка на Македонија Мирјета Бајрамоска денеска слави роденден. Ракометарката која се повлече од играњето, ќе наполни 35 години.
Се работи за ракометарка која во својата кариера го носеше дресот на двете екипи кои оставија свој белег и во Лигата на шампионите, Кометал Ѓорче Петров и Вардар, а покрај тоа играше и за Металург и за Крим Меркатор.
Среќен роденден Мирјета!