Ракометарката која остави огромен белег во Кометал Ѓорче Петров и во дресот на репрезентацијата на Македонија денеска слави роденден.
Легендата која секогаш го оставаше своето срце на теренот, а при враќањето од Мундијалот во Германија беше дочекана со 71 ружа поради рекордот од 71 погодок, денеска полни 49 години.
Индира Кастратовиќ пристигна во Кометал Ѓорче Петров уште на почетокот на формирањето на шампионскиот состав и во тимот остана повеќе од една деценија. Беше дел од финалето кога беше освоена првата и единствена титула во женска конкуренција досега.
Како тренер на Вардар освои три титули во првенството и три во Купот на Македонија во 2013, 2014 и 2015 година, а го предводеше тимот и на Ф4 турнирите во Будимпешта.
Среќен роденден Индира!