Репрезентацијата на Србија направи одличен резултат во првиот бараж дуел на гостувањето во Словенија и на реваншот ќе ги пречека Словенците со три гола предност откако славеше победа од 31:34.
Петнаесетина минути се играше израмнето со игра гол за гол, Србите први имаа два гола предност кога Илиќ и Радивојевиќ погодија за 9:11. Словенија брзо го врати нерешениот резултат, но сепак во завршните минути Србија обезбеди предност на плувреме од 16:20.
Оваа позитива за избраниците на Тони Херона се покажа сосема доволна во продолжението да стигнат до конечен голем триумф. Србија имаше највисоки седум предност во 40. минута, а до крај Словенија немаше сили да избегне пораз и само успеа да го ублажи.
Најефикасен во репрезентацијата на Словенија беше Деан Бомбач со осум гола, додека по седум постигнаа Мачковшек и Јанц. Во составот на Србија, Петар Ѓорѓиќ беше прв стрелец со одум погодоци, а шест гола постигна Лазар Кукиќ.