Селекторот на женската репрезентација на Србија, Урош Брегар го соопшти списокот на ракометарки за ЕХФ неделата.
Брегар повика 22 ракометарки на кои ќе смета за квалификациските мечеви за Европско првенство, а кои се на програмата од 27 Февруари до 6 Март.
На списокот ги нема поранешните ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ кои неодамна се пензионираа од репрезентацијата.
Сепак на списокот се една екс вардарка – пикерот Марија Петровиќ, како и двете поранешни членки на Металург – Јелена Трифуновиќ и Кристина Лишчевиќ.
Список на Србија:
Голмани: Јована Рисовиќ (Крим Меркатор, Словенија), Кристина Граовац (Баер Леверкузен, Германија), Катарина Косановиќ (Наиса)
Леви крила: Сања Радосављевиќ (Крим Меркатор, Словенија), Тамара Коциќ (Бекамент ББ), Александра Стамениќ (Кисварда, Унгарија)
Пивотмени: Марија Петровиќ (Бузау, Романија), Јелена Агбаба (Будаорс, Унгарија), Катарина Бојичиќ (Јагодина)
Десни крила: Наташа Ловриќ (ЖОРК Јагодина), Јована Богојевиќ (Кристијанштад, Шведска), Дуња Радевиќ (Металац),
Бекови: Јована Стоиљковиќ (Шамбери, Франција), Јована Ковачевиќ (Глорија Бистрита, Романија), Јелена Трифуновиќ (Влчеа, Романија), Тамара Радојевиќ (Кисварда, Унгарија), Кристина Лишчевиќ (Влчеа, Романија), Александра Вукајловиќ (Хукајловиќ, Ерд) , Јована Јововиќ (Будаорс, Унгарија), Јелена Лавко (Минаур Баја Маре, Романија), Анѓела Јањушевиќ (Шиофок, Унгарија) и Марија Агбаба (Вашаш, Унгарија).
Србија на 3 март од 18 часот во Зрењанин ја пречекува Шведска, додека два дена подоцна, на 5 март од 17 часот истите ривали ќе ги одмерат силите во Истад.
Србија во досегашниот тек на квалификациите за ЕП славеше против Турција со резултат 36:27, а потоа претрпе пораз од Исланд на гостински терен 23:21.
Веќе се познати четири учесници на ЕХФ ЕУРО 2022, домаќините Словенија, Македонија, Црна Гора, како и актуелниот европски шампион Норвешка, за преостанатите 12 места во натпреварувањето преку квалификации се борат 24 селекции. Настап на континенталниот шампионат ќе обезбедат двете најдобро пласирани селекции од шесте квалификациски групи.