Репрезентацијта на Србија предводена од Шпанецот, Тони Херона продолжува да бележи добри резултати во квалификациските дуели за Европското првенство во 2022 година, a после двата натпревари против Франција каде што остана непоразена со победа и реми беше поуспешна и од Грција со 31:21.
Србите без многу проблеми стигнаа до втора победа во групата 1 и направија уште еден чекор кон пласман на Европското првенство во конкуренција на Франција, Грција и Белгија. Во текот на целиот натпревар Србите имаа водство и контрола на натпреварот, но по првиот дел имаа позитива од само три гола, 15:12.
Продолжението донесе поквалитетна игра на Србија, отворија со 4:0 и уште во почетните минути од вториот дел се одалечија на недостижни седум разлика. До крајот на натпреварот Србите имаа највисока предност од 11 гола и рутински одиграа за нови бодови и продолжување на добрата серија.
Најефикасен во репрезентацијата на Србија беше Богдан Радивојевиќ со перфектна реализација и осум погодоци, додека Мијајло Марсениќ и Лазар Кукиќ постигнаа по пет гола. Во составот на Грција најмногу се истакна Кристодулос Милонас со шест гола. Со оваа победа Србија од три меча има пет бода и е прва на табелата пред Франција која има еден бод од два натпревари.