Репрезентацијата на Србија имаше фантастичен почеток на Европското првенство и во првиот натпревар славеше лесна и убедлива победа против Украина со 31:23.
Уште од стартот Србите тргнаа максимално и во раната фаза од мечот поведоа со 7:4. Во 20. минута Радивојевиќ погоди за четири предност на Србија од 11:7. До крајот на првиот дел Србите продолжија во ист ритам и имаа целосна контрола на теренот..
Доброто издание избраниците на Тони Херона го потврдија во завршните минути и на полувреме заминаа со одлична предност од 17:11. И во продолжението на дуелот Украинците немаа одговор на играта на противникот и постојано имаа голема негатива.
Во 49. минута Србија веќе ја обезбеди победата кога поведе со двоцифрена разлика при резултат 26:16. До крајот на натпреварот Украина само успеа да го ублажи поразот.
Најефикасен во составот на Србија беше Кукиќ со седум погодоци, додека пет постигна Радивојевиќ, а четири постигна Ѓукиќ. За селекцијата на Украина Хориха беше најзабележителен со шест погодоци.