Откако вчера загуби со 27-28 од Египет, машката репрезентација на Србија му се реваншираше на истиот ривал и тоа со камата, на вториот пријателски натпревар одигран во Ниш.
Избраниците на Ненад Перуничиќ, го фатија редот уште од стартот и поведоа со 3-1, па 5-2, а на паузата имаа предност од четири голови, 13-9.
Во второто полувреме уште повеќе домашните го засилија темпото и стигнаа до 19-12, па до крајот шанса за настап добија сите играчи од клупите за конечни 29-17.
Најдобри стрелци во српската репрезентација беа Радивојевиќ со шест, како и Црноглавац и Мошиќ со по четири, додека кај Египет се истакнаа Хасан и Зеин со по четири голови.