Репрезентацијата на Србија во четвртфиналето на Светското младинско првенство против Фарски Острови славеше со 30:27 и обезбеди пласман во полуфиналето.
Избраниците на Ѓорѓе Теодоровиќ уште од самиот старт имаа контрола на играта, на полувреме заминаа со 17:14 и во вторите 30 минути не дозволија ривалот да направи камбек.
Амбициозната репрезентација на Фарски Острови единствено израмни на 4:4 и во останатиот дел безуспешно го ловеше водството на српската репрезентација.
Островската земја во налетот на дојде до камбек, се почесто правеше грешки и при негатива од 24:22 не реализира неколку напади за минус еден.
Ракометарот на Загреб, Милош Кос дуелот го заврши со седум погодоци, дел од нив беа постигнати во моментите кога Фарски Острови беше во налет да се врати во игра.
Седум погодоци запиша и десниот бек Бошко Станисављевиќ, додека кај поразената репрезентација се истакна Елијас Елефсен со девет погодоци.
Србија во полуфиналето на младинскиот Мундијал ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Данска и Германија.