Репрезентативецот на Србија, Јовица Николиќ, најверојатно ќе го пропушти Европското првенство 2024, кое ќе се одржува во Германија.
Членот на Вецлар отсуствува од терените од месец април кога заработи повреда на коленото на натпревар од Бундес лигата.
Од бундеслигашот соопштија дека Николиќ мора да оди на операција, а процесот на рехабилитација ќе трае до крајот на годината.
Европското првенство во Германија почнува на 10 јануари, додека во месец декември се последните собири и подготовки на репрезентациите.
Тоа значи дека денсиот бек на Вецлар има минимални шанси за настап на континенталниот собир.
Николиќ на Светското првенство во Полска и Шведска се повреди на дуелот со Норвешка, додека во квалификацискиот дуел против истата репрезентација, во месец март, не настапи поради вирус.
Србија на Европското првенство за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Исланд, Унгарија и Црна Гора.