Репрезентацијата на Србија продолжува со подготовките, но се соочува и со големи проблеми бидејќи на листата на позитивни на коронавирусот се најдоа уште четворица ракометари така што сега бројката е шест ракометари и четири припадници на стручиот штаб меѓу кои е и селекторот.
Новите ракометари кои се позитивни се Илија Абутовиќ, Стеван Сретеновиќ, Драган Пешмалек и Немања Зеленовиќ.
Денешните тренинзи се одложени и ќе мора да бидат направени дополнителни анализи пред да биде донесена одлука како ќе се функционира во следните денови. Воедно се чека и конултација со ЕХФ за да се види како да течат подготовките до почетокот на ЕП.
Засега Србите се во проблеми бидејќи имаат многу позитивни ракометари, па ќе мора да комбинираат од листата на играчи за да имаат состав со кој ќе можат да настапат на Европското првенство.