Селекторот на Србија, Тони Херона, остана без услугите на Петар Ненадиќ пред стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
На стартот на вториот дел од подготовките стана јасно дека поврредата на средниот бек на Веспрем не е залечена, па нема да биде во можност да игра на континенталниот собир.
Од првичниот состав покрај Ненадиќ, отпаднаа и голманот Радовановиќ, бекот Радовиќ и пикерот Басариќ. Дополнително беше повикан бекот Немања Зеленовиќ.
На српскиот национален тим му се приклучија играчите од Бундес лигата по завршувањето на клупските обврски – Милосављев, Марсениќ и Абутовиќ, па ќе му бидат на располагање на Херона за пријателските средби со Германија на 7 и 9 јануари.
Србија ќе игра во групата Ц во Сегедин заедно со Франција, Хрватска и Украина.