Европската ракометна федерација реши да ги откаже баражите за Светското првенство во Египет и остави многу селекции без шанса да се обидат да стигнат до Мундијалот на теренот.
Светската ракометна федерација има на располагање две вајлд карти (а може да бидат и три), додека Европа може да добие уште едно место, но само ако не се одиграат квалификацискиот турнир во Јужна Америка, како и првенството на Северна Америка и Карибите.
„Голем број од учесниците се познати, единствено остана да ги поделиме поканите, односно вајлд-картите. Наскоро се ќе биде познато“, изјави Хасан Мустафа, претседателот на ИХФ.
Српските медиуми пишуваат дека нивната репрезентација, која една од кандидатите за специјалната покана заедно со Македонија, Црна Гора, Полска и Русија, нема да ја добие.
Тие уверуваат дека најголеми шанси за тоа имаат Македонија, како најдобро пласирана од последното ЕП што нема место на Мундијалот, и Полска која е домаќин на следното СП во 2023 година.