Машката репрезентација на Македонија следниот викенд ќе одигра пријателски двомеч со селекцијата на Србија.
За Македонија нема да играат интернационалци, туку само ракометари од Суперлигата, додека српскиот состав ќе биде микс.
Селекторот на северниот сосед Тони Херона, денеска од 19:00 часот ќе ја има првата прозивка со репрезентативците во Стара Пазова.
Тој повика 20 ракометари, а засега не е најавено ниедно отсуство. Своето деби би требало да го има и пивотот на Нант, Драган Пешмалбек.
Пријателските натпревари меѓу Македонија и Србија ќе се одиграат на 19 и 20 јуни во Ниш, со почеток во 18:00 часот и 16:00 часот.